v

v

MAKEDONON

         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

  29 / Sеон / 2015 Македонија 

 ??????? ???? ?????????

'' Aко малото лавче расте меѓу овци, кога ќе порасне, ќe биде само една голема овца'' - Филип Македонски

 

Апостол Петков - Војводата

          

            Апостол Петков Терзиев бил македонски револуционер и војвода на Tajната Mакедонскa - Oдринска Pеволуционерна Oрганизација - ТМОРО, после 1906 - ВМОРО. 

    Апостол Петков Терзиев е роден во селото Бојмица (Гевгелиско), Македонија, (денес Аксиуполи, Грција). Потекнува од стариот арамиски род Терзиеви. Неговиот поголем брат Митре Терзиев, како арамија ја обиколувал Пајак Планина, а неговиот помал брат Тано Терзиев и братучедот Антон Терзиев заедно со него се одметнуваат, а подоцна загинуваат како комити на ТМОРО, а според некои извори гркоманскиот капетан Гоно Јотов му бил прв братучед. Апостол Петков на 22 - годишна возраст, во 1892 година ја напуштил кантонерската работа на железничката линија Солун - Скопје, го продава стадото на својот татко и со парите купува оружје, по што со неговит брат Тано се одметнуваат во областа Бојмија. Бил неук, но по природа бил интелигентен. Ги избегнувал учителите нарекувајќи ги чонголи, но не зашто бегаше од светлината на разумот, туку зашто претпочиташе дела и практични решенија.

    А. Петков по темперамент бил подвижен, храбар и предвидлив. Во тој период во истата област и Пајак Планина се појавува и Иванчо Оџаров Карасулијата кој исто така дејствувал со своја дружина. Апостол Петков и Иванчо Карасулијата ќе ги здружаат силите и како арамии ќе дејствуваат во Бојмија се до 1897 година. Нивната чета била поставена врз полуајдучка основа, покрај грабежите, таа никнала како одговор на злоделата на разбојничките банди и дејствувала како заштитник на мирното население. 

ВОЈВОДАТА  НА ТМОРО

      Во првата половина на 1897 година, областа Бојмија и тамошните села биле посетени од Дамјна Груев, тогаш тој ги поканил Апостол Петков и Иванчо Оџаров Карасулијата да се покорат на ТМОРО и да ги прифатат нејзините начела. А. Петков и Карасулијата биле покрстени од страна на поп Стамат Тончев. Четата на А. Петков била прва чета на ТМОРО во Солунскиот вилает во неа влегле: брат му Тано, братучет му Андон, Михаил Апостолов - Попето, Андон Ќосето, Димитар Чавдаров и Атанас Карадупков. Во четата привремено влегувал и учителот Аргир Манасиев. Областа Бојмија во 1897 година на двапати била посетена од Гоце Делчев, најверојатно неговата посета била поврзана со четата, а тој со себе го донел и Михаил Апостолов - Попето, кој требало да се запознае со теренот и да изврши влијание врз четата, која била поставена врз полуарамиски начела. 

Четата на Апостол Петков своето борбено крштевање го имала кај селото Грубевци, кога аскерот кој одел од Солун кон Гуменџе бил растеран, а четата немала жртви. Овој судир го прославило името на војводата и неговата чета и закрепнал духот на населението. Во 1898 година во Гевгелија, Апостол Петков е иницијатор за ликвидација на Ристо Наумовиќ - Цицо, убиството било извршено од старна на терористите од градот. Во април 1900 година од четата на Михаил Апостолов се одвоиле 8 души, тие образувале нова чета, тоа била Ениџевардарската чета под водство на Апостол Петков. Оваа чета на 12.08. 1900 година (стар стил) го ликвидирала внукот на Демир-субашата од с. Тумба, кој бил голем злосторник. Кон крајот на 1900 година бил направен обид за ликвидација на Ангелакис Секелариос, грчки лекар и пропагтор во Гуменџе. А. Петков неколкупати го предупредувал Ангелакис, но тој ги отфрлил предупредувањата. А. Петков му поставил неколкупати заседа но неуспеал да ја изврши казната. Подоцна Ангелакис ќе биде ранет и ќе замине за Солун. По Солунската афера, во четата на Апостол Петков како секретар бил назначен Аргир Манасиев, тој подоцна ќе формира своја чета и воспоставил соработка со А. Петков и зедно ги обиколувале селата: Купа, Ливада, Борислав, Лугунци, Ошин, Ума и други. Двајцата воспоставиле контакти со неколку гркомани и турци. Меѓу турците се нашле Емин - ага од Бојмица, Кара Ибраим од Мајадаг, Амши од Мачуково, Хаџи Мустафа-ефенди и Абдул Селим од Гевгелија.

Врховистичката провокација

    Во 1902 година доаѓа до засилување на врховистичките провокации, поради тоа ЦК на ТМОРО со писмо од 17.06.1902 година му наредува на Апостол Петков да ја разоружа чета на Иванчо Карасулијата кој преминал кон Врховниот комитет. Апостол Петков избегнувал да ја изврши задачата и затоа кај него бил испртаен терорист од страна на ЦК, лично да му ја предаде наредбата. По една недела пратеникот на ЦК го пронашол А. Петков кој бил заедно со Павле Кониковски во близината на Ениџе-Вардар. Пратеникот утврдил дека А. Петков ги примил писмата од ЦК, од своја страна А. Петков се правдал дека му влегол во трага на Иванчо Карасулијата но немал можност да го нападне. Од друга старна потенцирал:

           - ''Ако се судриме... ќе изгубиме многу момчиња, зашто неговите се опитни и добро воружени''.

      За ваквото држење на Апостол Петков во текот на врховистичката провокација постојат неколку гледишта.

     Според А. Динев, Апостол и Аргир Манасиев поставиле заедничка заседа на И. Карасулијата, но таа била осуетена од страна на селаните... Од друга страна, пак, според Шалдев, Апостол и Карасулијата се договориле да дејствуваат заеднички согласно наредбите наа ЦК на ТМОРО... Меѓутоа според расположливата преписка меѓу ЦК, ЗП и управното тело во Ениџевардарско, се гледа дека Апостол дејствувал своеглаво и не се покорувал на наредбите. Поради тоа за него се предлагаат дури ригорозни мерки.

Иванчо Карасулијатаи Апостол Петков

 

      На 28 јуни 1902 година, А. Петков и Карасулијата се сретнале и постигнале договор за ненапаѓање. Следниот ден биле предадени од селаните на село Ливадија и заеднички се судриле сo потерите кај Гандач. Спогодбата била најверојатно толерирана од ЦК на ТМОРО, бидејќи врховистичката настроеност на Карасулијата била привремено неутрализирана. Потоа А. Петков заедно со Аргир Манасиев, добил наредба да ги парализираат врховистичките чети во Воденско, и да се спречи планираното востание на Врховниот комитет во таа област Набргу потоа, А. Петков и Павле Кониковски го фатиле врховистичкиот војвода Атанас Петровалијата со тројца негови четници. Не ги разоружале, туку ги распоредиле по двајца кај Апостол и Павле. Во тоа време четата на Апостол Петков се зголемила на 30 души но несакале отворено да им се спротистават на врховистите.

      Во критичните моменти во Воденско, Апостол Петков и Павле Кониковски, покажале непослушност. Тие дури се опреле на Аргир Манасиев. Затоа ЦК инистира Дeлчев да преземе обиколка за да ги стави четите во ред... ЦК предлага доколку во Струмица нема потреба од Андон Ќосето, тој да замине за Ениџевардарско, а вардарската чета наместо Апостол и Павле да биде преземена од Давид и префлена во кон Битолско. Во случај Апостол и Павле да се спротиставаат, да се ликвидираат.

      Но до такво дејство не дошло.

Учество во Илинденското востание

Илинденското знаме на Ениџевардарските чети на војводите Апостол Петков, Иван Карасулијата и Крсто Асенов.
Знамето било изработено од учителката Марија Капитанчева по желба на Апостол Петков Терзиев. На 20 јули 1903 година во село Корнишор пред ова знаме се заколнале 250 комити. За време на илинденските ужаси и терори, знамето било спасено од отецот Димитар Џутев од црквата Св. Кирил и Методиј во селото.

       Додека траеле подготовките за востанието, Апостол Петков со својата чета на 24.02.1903 година, во селото Бијмица бил опколен од аскерот. Тој наверемено бил известен од селаните и имал можност да го напушти селото но одлучлил да се бори и ја поделил својата чета на два дела. Едната под негова команда, а другата под команда на Антон Иванов. Борбата траела цел ден, по што четата успеала да се пробие. Тогаш загинал и неговиот брат Тано Петков Терзиев. Од турска страна загинале онбашијата и еден војник. Подоцна се рабрало дека четата бил предаден од гркоманите од село Крива, а на предавниците им биле запалени куќите. 

Пред избувнувањето на востанието, А. Петков со својата чета во Ениџевардарско имал судир кај селото Постол, во овој судир учествувале и четите на Крсто Асенов и Трајко Јотов. По судирот А. Петков и Асенов заминале кон село Корнишор. Во тамошната црква на Илинден биле осветени Кукушкото и Ениџевардарското знаме. Во меѓувреме дошло до убиството на Асенов и почетокот на востанието во Ениџевардарско било одложено. Подготовките за востанието во таа област ги презел Апостол Петков.

        Регионот бил слабо воружен, имало малку пушки. Од своја старна А. Петков побарал експлозив од раководството. Ениџевардарската чета добила задача да ги сече телеграфските линии, да дејствува по мостовите, да го попречи движењето на возовите и распределувањето на отоманската војска во Југозападна Македонија. Во предвечерјето на востанието А. Петков ги распоредил задачите помеѓу раководните тела. Притоа селата Тумба и Бојмица, со подршка на милиционерите, требало да ја помогнат атентаторската група на С. Михаилов и А. Манасиев. Од Грубевци требало да ја прекинат телеграфската линија... Од внатрешните атенатори само еден успеал да фрли бомба... Во меѓувреме Апостол нападнал однадвор. Во судирот имало еден загинат... На 28.07/10.02, А. Петков планирал да го нападне гарнизонот во с. Крива... Брзо потоа Апостол имал судир кај с. Рамна, каде загубил 1 борец. Отаму се повлекол во планинските предели на Пајак. На 12/25.09.1903 А. Петков и И. Карасулијата воделе голема борба со многуброен аскер на Гандач. Тие со писмо ги повикале началниците на гарнизоните од Гумеџе и Гевгелија. Четите зазеле добра позиција и ја пропуштиле војската да навлезе во клешта. Поради тоа нејзините загуби биле големи. На крај четите се извлекле со јуриш, фрлајќи бомби. По два дена А. Петков имал нов судир кај Голата Чука. Во ноември во Ениџевардарско била извршена демобилизација на борците.

 

Четитaтa на Апостол Петков

Апостол Петков зимата 1903/1904 година останал во регионот за да го заштитува населението и да го одржува духот на Организацијата. За време на велигденските празници 1904 година Ениџевардарско го посетил Даме Груев и заедно го обиколувале регионот неколку денови. Тогаш Апостол, околу себе држел 100-тина вооружени лица, но по сугестија од Груев, повеќето од нив биле распуштени. Летото 1904, во регионот на Апостол, дваесетина дена престојувал и Ѓорче Петров. Присуството на Д. Груев и Ѓ. Петров било во функција на придобивање приврзаници за своите концепции во поглед на претстојното преуредување на Организацијата. При крајот на 1904 г., Апостол Петков, заедно со Андон Ќосето, Лука Иванов и Тодор Серменински се јавува како потписник на едно писмо против задграничните претставници Христо Матов и Христо Татарчев, кои поради своето политиканство отстапиле од принципите на Организацијата поради што им искажале недоверба, и ги прогласиле за „опасни непријатели на Организацијата“.

Четитaтa на Апостол Петков


Во мај 1904 година, османлиските власти и дипломатските претставници го отвориле прашањето за разоружување и легализација на активните војводи и комити. За таа цел, биле испратени писмени повици кон нив за да се предадат. Апостол Петков, испровоциран од овој потег на дипломатите, се обратил со писмо до солунските конзули, при што изјавил дека четите нема да се предадат се' додека во Македонија не бидат спроведени реформи. Во писмото меѓу другото пишува:

 „Зарем Македонецот не е човек да живее слободно? Зарем Македонецот не е слободен да го дише чистиот воздух, како што се радуваат слободните народи? Македонецот веќе е уверен дека се дури се наоѓа под турчинот, ништо сигурно нема за него: тој не е сигурен за својот живот, не е сигурен за своите мили и драги дечиња, за честа на жената и своите ќерки, за својот имот и т.н. Таа несигурност го натера Македонецот да го земе оружјето в раце и да се бори со турчинот. Тој не жали зашто ќе умира од куршумите на непријателот, и е спремен да го прави тоа, се до денот на неговото ослободување“. 



Во септември 1904 година, Апостол испратил писмо до ениџевардарскиот кајмак со кое од него побарал: 

1. Да не им дозволи на арнаутските ќехаи со своите стада да се престојуваат во Ениџвердарско; 

2. Пасиштата да останат за користење од локалното население; 

3. Субашите и сејмените да ги плаќаат самите бегови, а не селаните; и 

4. Меѓу чифликсајбиите и чифлигарите да се воспостават односи како во европските земји. Во спротивно се заканил дека ќе ги убива сите Арнаути – ќехаи, овчари, субаши, сејмени и дека ќе ги пали беговските куќи и кули. 

Слични предупредувања Апостол испратил и до рускиот генерален конзул во Солун, како и до цивилните агенти. Во оваа писмо покрај другото пишува: 

„бујната македонска натура, храбрите чеда на злочесната татковина, не можат да останат ладнокрвни спроти сите овие стенкања на своите браќа ... овие достојни синови на славното име Македонија веќе прибегнуваат кон најпоследното средство, а имено кон уништување на мачителот“.

Предупредувачко писмо, Апостол Петков, испратил и до чифликсајбиите: Изет ефенди и Хаки ефенди од Солун.

По Илинденското востание грчката пропаганда ја променила тактиката кон Македонија и започнала да испраќа чети, кои со силата на оружјето и со неформална поддршка од турските власти го присилувале населението да се изјаснува во прилог на елинизмот. Поради геостратешката положба на Ениџевардарскиот регион, Апостол претставувал сериозна препрека за пробивот на грчките чети кон централна Македонија. Поради тоа, грчкиот конзул од Солун, летото 1904 година, се обидел да го поткупи Апостол Петков за грчката кауза, ветувајќи му пари и оружје. Апостол не само што ја одбил понудата, туку станал најголем непријател за грчките чети и агитатори. Покрај судири со османлиските потери, Апостол жестоко се пресметувал со претставниците на грчката пропаганда. Во ноември 1904 година, Андон Терзиев, (братучед на Апостол) го фатил и обесил Јани Пицулас, кој бил назначен за инструктор на грчките чети во Ениџевардарско. Покрај обесениот бил оставено писмо со печатот на Апостол Петков. Кон крајот на 1904 година, Апостол заминал за Бугарија за да се одмори, но и да ги пополни воените резерви, оставајќи го во Ениџевардарско братучед му Андон. 

 

Битката кај Смол 1905

 

На 15/28 февруари 1905 година Апостол Петков со 24 четници ја минал бугарско-турската граница кај Ќустендил, и заминал кон Ениџевардарско. По пат му се придружил Сава Михајлов со својата чета. Здружените чети броеле 42 лица. Уште oд Струмичко, Апостол и Савата биле предупредени да не минуваат низ Гевгелиско, бидејќи имало големо раздвижување на војските, туку преку Дојранско да заминат кон Кукушко и од таму кон Ениџевардарско. Апостол Петков ги игнорирал предупредувањата и продолжил во правец на Мачуково (сега: Евзони, Грција) и понатаму кон с. Смол (сега: Микрос Дасос, Грција). Кај Смол биле пресретнати и нападнати од силна османлиска потера, која набрзо добила засилување од Гевгелија од околу 300 души, меѓу кои имало и коњица. За време на судирот Сава Михајлов зазел позиција во месноста Рудина Чука, а Апостол Петков во месноста Бачево. Ударната сила од турските сили прво биле насочени кон четата на Сава Михајлов. Таа била ликвидирана до пладне, при што загинал и војводата. Веднаш потоа сета османска сила била насочена кон четата на Апостол, која била уништена да вечер. Од таму се извлекол само Апостол Петков, кој бил ранет во ногата и двајца четници. Според изворите кај Смол загинале 40-42 комити, а од турска страна имало 3 мртви и 13 ранети. 

Битката кај Смол што се одиграла на 1/14 март 1905 година, ја надгледувал рускиот капетан Флоров. Тој по два дена го посетил местото на настанот каде се уште стоеле телата на убиените при што бил згрозен од глетката на масакрираните тела. Флоров за настанот испратил опширен извештај до генерал мајор Шостак. 

На местото на битката, османлиските власти ја нашле чантата на Апостол Петков во која имало повеќе примероци од неговиот портрет и разни документи. Пронајдената чантата на Апостол ги натерала сите да поверуваат дека тој загинал. Веста за наводното убиство на Апостол, брзо се прошириле меѓу дипломатскиот кор во Солун, а по неколку дена, таа вест била пренесена во Њјорк Тајмс. Но, откако Апостол повторно почнал да дејствува во својот препознатлив стил, дипломатските претставници кои верувале дека тој е мртов, пласирале фамата дека се појавил псевдо Апостол, кој го користел името и тактиките на вистинскиот Апостол, за да го одржува духот на населението.

 

Борбата со грчката пропаганда

 

    По востанието Апостол Петков заминува за Бугарија, но уште во февруари 1904 година се враќа во Македонија и ја започнува одново револуционерната борба, но сега со грчката вооружена пропаганда во Ениџевардарското. Во летото 1906 година Апостол војвода се бори со четата на андартскиот капетан Костас Акритас и го опожарува грчкото село Ниси. Истата година организациските чети под водство на Апостол Петков водат борби со андартите под командата на капетан Акритас, Аграс (поручик Телос Агапинос), Никифорос (идниот адмирал Јоанис Деместихас) и други. 

Во едно од овие борби капетан Аграс е фатен и обесен крај селото Владово (денес Аграс). По неуспесите за ликвидирањето на Апостол, со мито османлиската власт, се обидува да го натера, војводата да се откаже од револуционерното дело, а грчкиот конзул во Солун Ламброс Коромилас се обидува да го привлече на грчка страна.

Големата улога на Војводата Апостол во борбата против андартската провокација, била призната дури и од неговите грчки противници. Во 20-те години грчката писателка Пинелопи Делта пишува во својот роман "Во тајните на блатото", во која ги опишува борбите на андарти и турците против нивниот заеднички непријател. Славата на Апостол војвода стигала до Цариград, каде што се носат различни неверојатни гласините за страшниот рушител на Османлиската држава. Во очите на султанот Абдул Хамид 2 , Апостол војвода почнува да ја претставува целата револуционерна организација и тој го испраќа лично свој роднина да преговара со војводата, кој му понуди 20 000 фунти за да се откаже од борбата. 

Платен 30.000 долари да глуми мртов

     Привлечен од приказните, во 1906 година, американскиот новинар Алберт Сониксен и воденскиот војвода Лука Иванов ќе го посетат војводата Апостол во неговото живеалиште и скривалиште во Ениџевардарското езеро. Од оваа посета ќе произлезе убава приказна на американскиот новинар. Во книгата „Исповедта на еден македонски четник“, опишувајќи го војводата Апостол Петков, американскиот новинар Сониксон ќе напише:


„Првиот кој скокна на брегот, беше слаб, мургав човек на средна возраст, со бели, тесни, опнати потури, со широки ракави кошула, вооружен не само со манлихера и нагант, но и со кама со сребрена рачка, нависната на неговиот колан со патрони. И да не го познавав, ќе погодев кој е, зошто неговите портрети висеа по сите крчми.., токму во тие алишта... Апостол беше македонски Робин Худ. Тринаесет години тој носеше оружје. Уште пред Дамјан Груев да го организира прочуениот Централен Комитет, Апостол беше крстосувал низ планините. 

Тој беше од оние фантастични херои, кои се јавуваат меѓу потиснатите народи во сите периоди низ историјата и чии подвизи се пеат од народите... Кога се создала револуционерната организација со програма за заедничка активност, Апостол војвода, за разлика од многу свои соборци од разни страни на земјата, ги понудил своите услуги и покрај сите ограничувања кои требало да ги поднесе поради дисциплината во организацијата, да се откажува од пленот и да слуша наредби од анемични градски наставници“.

Фотографија со фамозниот овен ''антизаеседа''

Еден многу интересен податок од книгата е тоа што, Апостол со неговите соборци, кoга се движеле вечерно време ги придружувал еден овен, кој сo своето сетило ги предупредувал, доколку насетил луѓе пред себе веднаш застанува, така тие ги избегнувале заседите. 

По битката кај Смол, Апостол Петков, заминал во Араџанското блато, каде се прикривал Аргир Манасиев. Откако заздравел, Апостол се префрлил во својата база во Ениџевардарското блато. Тој располагал со мрежа од колиби над вода кои биле поврзани со тајни канали. Кон крајот на 1904 година во југоисточниот дел од блатото се сместил Гоно Јотов (братучед на Апостол), кој станал андартски војвода, а по него се појавиле и други мештани како водачи на андартски чети. Тие биле претходница на капетаните од грчката армија од типот на Мазаракис, Аграс, Никифорас и други. Наредните години блатото прераснало во арена на постојани судири меѓу комитите на Апостол и андартите. Летото 1905 година, турските војски го опколиле блатото и навлегле во неговата внатрешност. Апостол успеал да се извлекол и заминал кон Пајак планина, но тоа го искористиле андартите за потпалат и заземат неколку негови колиби.

Војводата Апостол Петков Терзиев покрај Ениџе-вардарското езеро. Фотографија од Алберт Сониксен. 1906 година.

Апостол Петков Терзиев, нарекуван „Ениџевардарското Сонце“ (6 мај 1869, с. Бојмица - 2 август 1911, с. Крушари) македонски револуционер и војвода на ТМОРО - ВМОРО.

Во февруари 1906 година, во базата на Лука Иванов во Ениџевардарското блато пристигнал американскиот публицист Алберт Сониксен. Апостол откако дознал за тоа, најпрво го посетил Сониксен во базата на Лука Иванов, а потоа го поканил во своите колиби. Своите впечатоци за „македонскиот Робин Худ“, Сониксен ги опишал во својата книга „Исповед на еден македонски четник“. 

Сониксен бил сведок на повеќе борби со андартите, а и самиот учествувал во нападот на грчкото село Ниси што го организирале Апостол Петков и Лука Иванов, кога запалиле триесетина куќи. При вториот престој во блатото, во септември 1906, Сониксен бил сведок на средбата помеѓу Апостол Петков и еден „султанов пратеник“ кој наводно бил во мисија да го убеди Апостол да ја прекине револуционерната активност, нудејќи му богата награда, па дури и високи почести во Истанбул. Меѓутоа, „султановиот пратеник“ бил во разузнавачка мисија. Набрзо потоа во резиденцијата на Апостол во блато неколку дена отседнал и Борис Сарафов.

Кон крајот на 1906 година, Турците презеле долготрајна масовна опсада за уништување на комитската база во блатото. Притоа од внатре како неофицијални сојузници ги имале андартите. Покрај артилеријата со која постојано биле гранатирани колибите, османлиите донеле стотина лотки со непробојна заштитна опрема. Во средината на мај 1907 година, османлиите презеле тотален напад навлегувајќи во блатото од сите страни. Меѓутоа, Апостол успеал да се извлече и заминал кон с. Корнишор.

Во 1907 година притисокот на грчките андарти и турската војска во Ениџевардарско станува неподнослива и Апостол е принуден да ја напушти областа.

     Последните денови

     По Младотурската револуција во 1908 година, А. Петков излегува од илегала, но се разочарува од политиката на младотурците и од страв да не биде предавнички убиен, Апостол Петков бега во Бугарија. Во 1910 година влегува повторно со чета во Македонија, заедно со војводите Ичко Димитров, Христо Чернопеев и ја обновува својата револуционерна активност. 

Тане Николов и Апостол

По прогласувањето на Османлиската империја од апсолутистичка во уставна монархија, Апостол Петков со својата чета влегол во Ениџе Вардар, каде за кратко го суспендирал кајмакамот и ја зел власта во градот. По интервенција на Младотурскиот комитет од Солун и на поединци од Внатрешната организација, Апостол се откажал од намерата да „владее со Ениџевардарската каза“ и заминал за Солун. Бранислав Нушиќ за заминувањето на Апостол за Солун соопштува:

 „Денес од Ениџе Вардар ќе стигне војводата Апостол. Тој му порачал на младотурскиот комитет, за него, и за неговата чета да испратат коњи, па денес свечено на коњ да влезе во Солун“. 

Грчкиот весник „Емброс“ за заминувањето на Апостол за Солун пишува: 

„За капетанот Апостол пренесуваат дека слегува во Солун за да седне на престолот и да управува со Македонија.  А капетанот Апостол при неговото заминување за Солун навистина побарал за неговиот прием, освен коњи да има и артилерија“. 

По враќањето во Ениџе Вердар, Апостол дејствувал како неформален лидер на Конституционите клубови. По промената на политиката на младотурците, во средината на 1909 година, Апостол Петков го напуштил Ениџе Вардар и заминал за Бугарија.

Летото 1910 година Апостол Петков се вратил во Ениџе-вардарско за да го обнови револуционерното четништво, но бидејќи не наишол на добар прием кај населението но поради прогонот од власта, бил принуден да се врати во Бугарија.

Собир на комити и војводи на ВМОРО.
На фотографијата: Апостол Петков, Христо Чернопеев, Михаил Чаков, Георги Занков, Стефан Чавдаров, Костадин Самарџиев - Џемото, Антон Бузуков и други.

   Летото 1911 година, Апостол Петков повторно се вратил во Ениџе-вардарско со намера да го обнови четништвото. На 2/15 август 1911 година, Апостол Петков, Георги Мучитанов Касапчето и Васил Пуфката биле убиени од турските војски кај село Крушари (денес Абелиес, Грција). при мистериозни околности.

За убиството на Апостол Петков постојат разни варијанти и претпоставки, а најчесто како предавник се споменува неговиот близок соработник Тодор Чифтев. Историската наука се' уште не може да даде конечен одговор за мотивот за оваа убиство.

Bо „Песната за Апостол Петков Ениџевардарски“, наоѓаме и потврда за тоа дека меѓу Македонците постојано бил присутен стравот од предавство. Кога Апостол војвода бил предупреден да не оди во село Бојмица, затоа што таму го чекаат три пусии, а третата пусија се „клети шпиони“, тој одговара:

„Не ми е страх, бе мој дружино/ мен не ми е страх от андартите/ нито ме е страх од џандарите/ нај мен ми е страх, бре моја дружино/ нај мен ме е страх од другарите/ с тија шо пија и заедно спија“. Затоа, во тој контекст, македонскиот народ денес, и во ова време на предавства, мора да се чува од своите, од оние што со нас „пијат и заедно спијат“.

 

 

Историски погледи за делото на Апостол Петков Терзиев

 

Апостол Петков е еден од дејците на Македонското национално - ослободително девижење и како таков се борел за Самостојана македонска држава. Треба да се истакне дека местото и улогата на Апостол Петков Терзиев во историјата на Македонија било долго време пребегнувано.

Апостол Петков е легендарен војвода на ТМОРО, кого населението го нарекло „Ениџевардарско сонце“. Американскиот публицист Алберт Сониксен, А. Петков го именува како „македонски Робин Худ“,а Фрдерик Ковач, го квалификува за „некрунисан крал на вардарските мочуришта“. За грчката писателка Пинелопи Делта, Апостол бил „невидливиот демон кој се чувствува на секаде, но не се гледа никаде“. 

Според Сониксен портретот на Петков висел во секоја крчма во Бугарија. Името на Апостол Петков се среќава во весниците во Австрија, Нов Зеланд, Тасманија и САД. 

Платен 30.000 долари да глуми мртов

Во 1944, портретот на Апостол Петков се најде во рубриката „Верувал или не!“ на еден локален американски весник. Таму за него пишува: 

„Апостол Петков – човекот кој беше платен да се преправа дека е мртов. Познат македонски четник, кој со свои раце уби 2.400 Турци. Тој бил толку проблематичен, што турскиот султан му плаќаше 30.000 $ за да се преправа дека е мртов“.


         

 

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани


 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

 

 

 

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

'' ,.. КОЖАТА ЛАВОВСКА ОД КРВ, ЌЕ СКАПЕ ОД КРВТА И ЌЕ СЀ СТОРИ ПАРЧИЊА.

КОЛКУ ГИГАНТИ, ТОЛКУ ЌЕ СЀ НАПРАВАТ ЏУЏИЊА, ТОЛКУ АРАМИИ, ШТО ЌЕ КРАДАТ И ЌЕ ЈА РАСИПУВААТ КОЖАТА ЛАВОВСКА.

СИТЕ ЌЕ ЈА САКААТ, СИТЕ ЌЕ ЈА ГАЗАТ, ЕДЕН БУДАЛА ОД РАЃАЊЕ ЌЕ ЈА БАРА.
ПУРПУРОТ ЌЕ СЕ ИСКИНЕ И ЌЕ СЕ НАПРАВИ ВАЛКАН ОД КРВТА И КАЛТА.
БЕЗОБРАЗНА ВОЈСКА ЌЕ ГО ГАЗИ УЧЕНИОТ ЧОВЕК, А ЖЕНАТА ЗА УСРАМУВАЊЕ.

НА ПОП ЌЕ ГО ДАДАТ ПУРПУРОТ ЗА ЛАЖЕЊЕ.
ДЕЦАТА НА ЖЕНАТА ЌЕ СЕ КОЛАТ И ЌЕ СЕ НАДЕВААТ НА РAЖЕН.
СИНОТ НА МЕСЕЧИНАТА ЌЕ СЕ СМЕЕ И ЌЕ СЕ СМЕАТ ДО НЕГО.

ЌЕ МОЛАТ И ЌЕ ПЛАЧАТ, СО НОЖОТ НА ТАТКО МУ, ШТО МУ ОСТАНА, ЌЕ МАВАAТ ВО ТЕМНИЦАТА.
ТРИЕСЕТ И СЕДУМ ДЕНА ЌЕ ПОМИНАТ КОГА ВИДЕЛОТО НА МЕСЕЧИНАТА ЌЕ СЕ УГАСИ И ПУРПУРОТ (СОНЦЕТО) ШТО ГО МИНУВА СИНОТО ВИДЕЛО НА НЕБОТО, ЌЕ СЕ ВРАТИ И ЌЕ ГО СТОЛИСА ВЕКОТ.

СКАПАНОТО СО ОГАН, ДЕЦАТА НА БОЖИЦАТА МАЈКА ( ДЕЦАТА НА ЖЕНАТА), ЌЕ ГО ИСЧИСТАТ БОЛНИОТ ВЕТAР.

ЗОШТО 1000 ГОДИНИ СЀ КАКО ДЕНОТ ОД ВЧЕРА. ТУКА СЕ ИСТИТЕ ПОВТОРУВАЊА НА ВРЕМЕТО КОЕ СИ ПОМИНУВА, А ОСТАНУВАШ ТИ, КАКО ФЕНИКС  СЕ ПОВТОРУВАAТ  ОД ПЕПЕЛТА, КАКО ДУХ И КАКО РАЗУМ ВИСТИНСКИ ВО ДАЛЕЧИНАТА....''

 

 

На ден 03 / Ma / 2009, е конструирана страницата на Македонија é СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и сé смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден 16 / Жустар / 2016, е конструирана peзepвнaтa страница на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и поттик на искажување HO и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

ГАСНУВА  -  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

.__VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON__
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНOH И МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonon.com, info@makedoniaese.com, info@makedonijaese.com

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.