v

v

MAKEDONON

         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

 

  29.11.2015 Македонија 

 

 

Светото Место, посветенo од древни времиња на Божицата Мајка Ма, богот СЕ и нивниот син Македон 

 

            Ако локалитетот близу Свети Николе, посветен од древни времиња на Божицата Мајка Ма, богот СЕ и нивниот син Македон, е важен како што тврдат македонските археолози и не само, зошто не е заштитен?...туку тоа Свето Место за македонскате нација со години наназад се користи само како земјоделско обработливо земјиште.... Локалитетот е локализирен уште во 1976 година.

Под геоглифот во светиниколското село Црнилиште има огромен комплекс од три простории: една помала и две поголеми со димензии од околу 18 метри ширина и 11 метри должина, а пред нив голем елипсоиден ходник. На средината поминува река која се двои на два дела како гејзир или фонтана, што наведува на фактот дека се работи за ритуално, култно место бидејќи во минатото значајните објекти, па и градовите, се граделе во близина на извори со жива вода.

Сето тоа е прикажано на 3Д-скиците кои ги изработи професорот Аристотел Тентов врз основа на резултатите од електромагнетното и акустично истражување на локалитетот што на двапати лани го вршеа меѓународни експерти.

''По неколку месеци од истражувањата, ја добиваме сликата за тоа што всушност се крие под геоглифот. Се работи за комплекс што зафаќа површина од 100х70 мери и има три простории за кои сметам дека е можно дека се гробниците на македонските божества: 

- Творецот на универзумот, 

- Големата Мајка и нивниот првороден син, богот Ѕе. 

Звукот што е снимен, а произлегува од овалната просторија, според мене служи како резонатор што го трансформира звукот со интервал на голема прецизност, но засега не би можел да објаснам за што точно се работи. Тоа останува да се види кога ќе се влезе внатре,'' вели професорот Тентов.

Тентов објаснува дека двете мали точки на сликата се изворите на водата и се на повисоко ниво - едната е југоисток, другата југозапад и го пренесуваат звукот и од просторијата и од водата која таму се движи. Трите комори се на длабочина на 11 метри од основата на влезот, а од влезот до нив има 15 метри должина со пад од 11 метри, што значи дека се поставени многу стрмно. 

Вештачки објект стар околу шест илјади години

Професорот Тентов напоменува дека сите симболи се од демотско писмо (истото од Каменот од розета) и го претставуваат богот Ѕе, кој е првороден син на Големата Мајка и на врховниот бог на древните Македонци - творецот на универзумот. Самиот симбол - големата испрекршена стрелка што се наоѓа во вид на ровови на врвот на геоглифот, еднаш во годината, на 22 јули на роденденот на Александар Македонcки се пресликува со небесната слика на соѕвездието Касиопеја што е уште еден показател дека се работи за многу значаен сакрален објект. 

 

 

КАКО НА НЕБОТО ТАКА И НА ЗЕМЈАТА

КАКО НА НЕБОТО ТАКА И НА ЗЕМЈАТА

 

Зошто местото не е заштитено како треба,..

 

 

Ѓаволски ѕид - МАКЕДОНСКИОТ КИНЕСКИ ЅИД


Малку познатитот македонски раритет "Ѓаволскиот ѕид” се наоѓа на петнаесетина километри јужно од Свети Николе, на јужната страна на ниската планина Богословец и покрај самиот десен брег на реката Брегалница.

Овој импонзантен ѕид е изразито забележителен во должина од петстотини метри во правец на протегањето на “Богослвоец” и вдолж десниот брег на Брегалница, а негови траги можат да се забележат дури и пет километри кон запад. Траги од ѕидот можат да се забележат и на левиот брег на Брегалница кои асоцираат на единсвеност на Ѕидот. Просечната височина се движи од 10 до 12 метри, а широк околу 2 метри. Градбата е изведена со камени блокови со просечна зафатни  на од 4 кубни метри, а помеѓу нанесените камења се наоѓа тенка, црвеникава врзивна материја вешто нанесена од вештиот грдител.

Околу потеклото на овој во секој поглед монумент постојат разни гледишта. Дел од науката тврди дека станува за природна појава, односно дека ѕидот настанал со ерозија на околното земјиште. Според нив како “автор” на овој Ѕид е неуморниот неимар - природата, која овде, како ретко каде создала ремек дело. 

Наспроти ова тврдење има научници кои тврдат дека станува збор за градба, а не за природен феномен. Кон ова тврдење тие го наведуваат фактот дека такви камења како на градбата не постојат во нејзината околина, потоа неверојатната вештина во градењето и постоењето на тенок врзивен материјал со црвена боја. Истовремено ваквата претпоставка наметнува дилеми околу тоа како се изведувало градењето бидејќи ѕидот се наоѓа на изразито тешко пристапен терен. 

Лоѓично е да се помисли дека овој Ѕид бил изграден во времето на Персиското навлегување во Македонија под водство на Дариевиот син Ксеркс ПРВИ во 5 век п.н.е. за да се спречат персијците да не дојдат до Светото Место... теорија која дополнително ќе се проучува.

До него, велат тие, тешко се стигнува пеш и донесувањето на огромните камења кои тежат и по четири тона барало и соодветна техника и соодветно умеење на градителите. Всушност, велат бранителите на овааа теза, тоа е еден од елементите што овој Ѕид го прават мистичен.

Наспроти науката кај народот од овој регион постои верување дека градбата е дело на надеземни сили, односно на ѓаволот, па затоа и му дале име - Ѓаволски ѕид.

 

Кокино

Кокино — мегалитска опсерваторија која се наоѓа во атарот на општината Старо Нагоричане, на оддалеченост од околу 75 километри од Скопје, односно 35 километри од Куманово. Таа е поставена на врвот „Татиќев камен“, а името го добила по најблиското село Кокино.

Опис на локацијата

Опсерваторијата Кокино се наоѓа во атарот на општината Старо Нагоричане, на оддалеченост од околу 75 километри од Скопје, односно 35 километри од Куманово. До неа води асфалтен пат, а последните 500 метри треба да се пешачи за да се стигне до самата опсерваторија. Таа е поставена на врвот „Татиќев камен“, на надморска висина од 1 030 метри.

Опсерваторијата е откриена случајно во 2001 год. од страна на бугарски и македонски археолози, а во 2002 год. биле започнати истражувањата од страна на Народниот музеј во Куманово. Таа е датирана во 1800 год. п.н.е., односно раното бронзено време, а се протега на површина од 5 000 квадратни метри.

Мегалитската опсерваторија се наоѓа на неовулкански рид. Карпите се создадени со стврднувањето на лавата, која истекла од вулкански кратер. Времето и ерозијата направиле процепи и дел од тие процепи биле главните маркери низ кои се следеле циклусите на Сонцето и Месечината и се мерело времето.

Седумте камени маркери во минатото ги означувале местата за изгревање на Сонцето и Месечината во периодите на кусодневица, рамнодневица и долгодневица, како и нивните отклони. Сонцето, всушност, само на рамнодневиците - на 21 март и на 21 септември - изгрева точно на исток и заоѓа точно на запад. Потоа, постепено има отклонување кое изнесува до 45 степени.

Местата на изгревање кои се опфаќаат со природните маркери на мегалитните стени во Кокино укажуваат дека изгревањата на исто место на Сонцето се повторуваат на 18,6 години. Веројатно некои членови на племенската заедница имале задача секојдневно да ги следат движењата на небесните тела и да прават календари за одредување на деновите за ритуалните обреди, како и за започнување на сезонските работи во земјоделството и сточарството. Опсерваторијата е сместена на две скалести платформи од кои се следеле планетите. На горната платформа се пронајдени траги од неколку објекти и делови на керамика.

Според наодите на археолозите, на локалитетот Кокино, всушност, немало живеалишта туку дека опсерваторијата воедно била и светилиште, а во процепите на карпите се ставале предмети наменети за нивните божества. На локалитетот има и еден вид престол, каде што, најверојатно, седеле старешините и водачите на племето. При откривањето на локалитетот пронајдени се бројни артефакти (керамички чинии, амфороидни садови, камени секири итн.).

Кокино како светска атракција

Мегалитната опсерваторија во Кокино се вбројува меѓу највредните стари опсерватории во светот. Заради тоа, во 2005 год. американската вселенска агенција НАСА во листата од 15 вакви опсерватории во светот го рангирала Кокино на четвртото место. Првите четири опсерватории според НАСА се:

1. Абу Симбел - Египет
2. Стоунхенџ - Велика Британија ( е лажен )
3. Ангкор Ват - Камбоџа
4. Кокино - Република Македонија

 
 


 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

 

 

На ден 05 - 03 - 2009, е конструирана страната на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и се смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден 02 - 16 - 2016, е конструирана peзepвнaтa страната на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/ страница која е по погодна за посета со мобилни апарати кои имаат инсталирано андроид софтвер.

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување МА и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

ГАСНУВА  -  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com

 

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.